За да се овозможи вистински дијалог и да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот, Facebook презема мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со што ќе се зголеми транспарентноста и автентичноста на рекламирањето. Во јуни направи алатки за транспарентност кои се глобално поставени и коишто ќе овозможат огласувачите да добијат авторизација да објават политички реклами, да стои на нив квалификација „платено од“ и да ги стават своите реклами во дигиталната библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Сега овој процес е услов во 32 дополнителни земји, како Чиле, Јапонија, Мексико и Индонезија и ќе започне да работиме на зајакнување на нашата методологија за реклами за избори или политика. За целосниот список земји што ќе бидат на листата кога ќе почне политиката на Фејсбук во средина на март, посетете го Help Center. Исто така работиме да ја зголемиме имплементацијата оваа година вклучувајќи ги Мијанмар, Бразил и Нов Зеланд.
Секој кој сака да објави реклама за избори или политика во сите овие земји, ќе мора да го потврди својот идентитет со лична карта издадена од државата и на тој начин да преземат одговорност за рекламата. Огласувачот ќе може да одбере негова страница или страница на некоја организација каде ќе се појави квалификација „платено од“. Бараме огласувачот да даде дополнителни информации, како локална бизнис адреса, локален телефонски број, електронска пошта или интернет страница ако одберат да одат со оваа опција. Овие барања ги именуваат како одговорни за содржината самите огласувачи и важат и за Фејсбук и за Инстаграм.
Авторизацијата може да одземе неколку денови за да се подготви огласувачот да започне со овој процес и поради тоа треба да се започне сега со процедурата за да се избегне доцнење на рекламите.
Библиотека со реклами и API
Авторизираните огласувачи ќе ги имаат сите нивни реклами и информациите што се употребени за да се утврди нивната одговорност, во посебна библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Тука, тие ќе може да дознаат повеќе за рекламата, како на пример колку луѓе се опфатени од неа и колку е потрошено, потоа демографски податоци за возраста, полот и локацијата за луѓето што ја виделе рекламата.
Ние знаеме дека не можеме да го заштитиме изборниот процес сами па поради тоа нудиме на истражувачи, академици, новинари и јавноста да имаат увид во Ad Library API за да истражуваат и анализираат за политичкото рекламирање. Сега, рекламите на 32 земји ќе бидат додадени во Ad Library API. Како дополнување ќе претставиме Ad Library Report за секоја од земјите кон крај на април. Овој извештај ќе овозможи збирен преглед на рекламите и потрошеното во библиотеката со реклами. Овој извештај ќе биде на располагање во формат за симнување од интернет.
Можете да прочитате повеќе за нашата транспарентност за алатките за реклами овде. Нашата политика за реклами за време на избори и политика се прикажани овде а на Help Center може да видете како овие реклами предизвикале интерес во други земји.