Извршната директорка на General Motors, Мери Барa објави дека компанијата ќе инвестира 20 милијарди долари во развој на електрични и автономни возила.
Планирано е таа инвестиција да се реализира до 2025 година и претставува директен предизвик за Tesla.
General Motors планира да ги намали трошоците за батериски ќелии со помош на својата нова Ultimate технологија на помалку од 100 долари за киловат-час.
Според Бар, така General Motors ќе стане профитабилен со преминување на модуларни компоненти на електрични возила, вклучително сетови за батерии и мотори.
Акциите на GM по таа објава скокнаа 1,8 проценти на 31,05 долари по акција.