Microsoft наскоро ќе ја објави втората генерација на Surface Go, која ќе се базира на Intel Core m3-8100Y CPU, 8 GB RAM и SSD од 128 GB.
Microsoft полека ја подготвува втората генерација на својот Surface Go 2-во-1 уред, кој претставува entry-level член на Surface семејството уреди.
По првата генерација претставена во 2018. година, втората генерација, која ќе пристигне оваа година ќе понуди двојно повече RAM (8GB наместо оригиналните 4GB) и Intel процесорот m3-8100Y CPU (напредок во однос на Intel Pentium Gold 4415Y во моделот од 2018. година).
Изворот за информации за функциите се 3D Marks бенчмарк тестирањата. Што се однесува до складирањето на податоци, се споменува Toshiba SSD со капацитет од 128GB.
Дизајнот на новата верзија на Surface Go не би требало премногу да се менува во однос на оригиналот, а на пазарот се очекува во текот на пролетта.