Оние кои Instagram го користат на своите Windows 10 компјутери, веројатно веќе забележија некои промени. Се работи за тоа дека Instagram ја унапреди својата Windows апликација и ја воздигна во прогресивна веб апликација (PWA), што значи дека корисниците влегуваат во интеракции, како да е во прашање оргиналната апликација.

Последните напори на Instagram нудат измешани чувства, бидејќи во претходните верзии, корисниците можеа да ги складираат фотографиите на платформата директно од своите компјутери, што повеќе не е случај. Од друга страна, сега можат да испраќаат директни пораки, што за многумина е повеќе од корисна функција.

Прогресивна Windows 10 апликација ќе им донесе на корисниците на Instagram повеќе корист отколку штета, бидејќи Windows апликацијата беше запоставувана во неколку претходни години.