Microsoft конечно понуди Dark Mode за својата Office апликација дизајнирана за оперативниот систем Android.

Апликацијата Office е достапна за iOS и Android повеќе од една година, но само верзијата iOS имаше темен режим. Сепак, тоа сега е променето, така што може да го користат и оние кои имаат уреди со Android.

„Ова е многу барана опција кај нашите корисници. Многу луѓе претпочитаат темен режим затоа што овозможува попријатно визуелно искуство при читање и работа на мобилни уреди“, изјави Сураб Нагпал, менаџер на производи во Microsoft.

Најновата апликација Office за Android автоматски ќе се вклучи во темен режим ако опцијата е поставена во системот на уредот со Android. Темниот режим може да се вклучи и преку табот Home во апликацијата.

Microsoft соопшти дека темниот режим полека ќе стигне до уредите во наредните недели.

Office ги комбинира Word, Excel и PowerPoint во една апликација и ви овозможува да скенирате PDF документи и да зачувувате текст и табели во дигитални верзии. Апликацијата е достапна на Google Play Store.

Извор: Klix.ba