Instagram, апликација за споделување фотографии која Facebook ја купи за милијарда долари во 2012 година, донесе повеќе од четвртина од приходот на матичната компанија минатата година, односно 20 милијарди долари, објави Bloomberg.
Тоа го надминува YouTube, Google видео секторот, која достигна 15,1 милијарди, бројка објавена од матичната компанија Alphabet Inc.
Instagram се повеќе влегува во средиштето на иднината на Facebook, а корисниците и огласувачите доаѓаат на апликацијата дури и додека растот на продажбата забавува на главната социјална мрежа. Сепак, Facebook не ги објавува приходите за Instagram одделно во извештаите за заработка, претпочитајќи да ја нагласи интеграцијата на неговите карактеристики, нарекувајќи ги „семејство на апликации“. Така, на пример, тимот одговорен за директни пораки на Instagram сега работи за Facebook Messanger, а компанијата го менува името на Instagram во „Instagram на Facebook“.
Кога Facebook го стекна, Instagram не беше никаков деловен модел, а камо ли приход. Сега, апликацијата заработува пари на ист начин како и Facebook: со продажба на реклами кои личат на редовните постови во главниот фид на апликацијата и од сториња. Facebook ја зголеми фреквенцијата на реклами во Instagram во последниве неколку години, за да ја унапреди продажбата на компанијата бидејќи Facebook News станува се позаситен со маркетинг постови.