Во светот на мобилното плаќање се почест тренд е тоа да се извршува во рамките на посебен систем во самата апликација, а не преку платформите кои претставуваат продавници на апликации како Google Play и App Store.

Според пишувањето на Bloomberg, компанијата Match Group, која е сопственик на познатата дејтинг апликација Tinder, никако не може да се помири со фактот дека Google зема 30 проценти од приходите остварени во рамки на апликацијата.

Во овој случај постојат претплатничките пакети Tinder Plus и Tinder Gold, на кои корисниците можат да се претплатат во рамките на апликацијата.

Претходно споменатиот проблем со надомест на Google е решен на начин, најпрвин плаќањето за еден од моделите на претплата да се изврши преку Match Group платформата, а потоа при секое следно плаќање корисникот се пренасочува на истата платформа, заобиколувајќи ја платформата за плаќање во склоп на Google Play продавницата.