Apple оваа година ќе го претстави iPhone 5G со Qualcomm X55, но се појавија гласини според кои американската компанија ќе ја намали својата зависност од Qualcomm и има намера да користи сопствена 5G мрежа.
Проблемот наводно бил во големината на антената на Qualcomm, посебно за брзата mmWave верзија на 5G мрежата која е преголема во однос на големината на новиот iPhone модел.
Поради тоа, од Apple наводно веќе започнале да развиваат сопствена 5G антена која повеќе ќе одговара на дизајнот и димензиите на новиот iPhone.
Антените за mmWave технологијата се посебно важни со оглед на слабиот домет на ултрабрзата бежична технологија.
На телефоните со 5G мрежи им се потребни неколку mmWave антени за да се обезбеди подобра поврзаност.
Инаку, и натаму не е сигурно дали Apple ќе користи свои 5G антени затоа што се разгледувале два дизајни – потенкиот кој го произведува Apple и подебелиот кој го произведува Qualcomm.
Поврзани артикли