Иако Бил Гејтс живее скромен живот без претеран луксуз, сепак одлучи да ја купи јахтата на водород, која чини 644 милиони долари.
Јахтата е долга 112 метри, има пет палуби и простор за сместување на 14 гости и 31 член на екипажот.
Содржи базен, хелиодром, спа, теретана, кино, салон на убавина и приватна палуба за набљудување, од која можете да го гледате целиот океан.
Под палубата се наоѓаат два резервоара кои се вакуумски затворени и тешки 28 тони. Оладени се на -253 степени и наполнети со течен водород, кој го покренува бродот.
Јахтата може да достигне брзина од 17 чворови, што е околу 20 км/ч и може да помине 6.000 километри, пред да треба пак да се наполни со гориво.
Инвестицијата на Гејтс во оваа јахта претставува негов долгогодишен интерес за алтернативни горива и негов ентузијазам за новата технологија, која би можела да ги реши емисиите на гасови од индустријата и сообраќајот.
Јахтата, која беше најавена на минатогодишниот Салон за јахти во Монако, веројатно ќе заплови во 2024. година.