Еден голем мајмун кој што живее во заштитеното шумско подрачје на островот Борнео, вчера со неговиот потег го освоил целиот свет.
Овој мајмун забележал дека некој човек стои заглавен во каллива река и му пружил рака за да му помогне па потоа успеал да го извлече, пренесуваат од „Daily Mail“.
Фотографиите кои воодушевија многумина ги направил аматерскиот фотограф Анил Прабакар од Индонезија кој со својот пријател бил на сафари кога ја забележал таа неодоллива сцена.
Пребакар подоцна дознал дека човекот кој бил заробен во калта работел за „ Borneo Orangutan Survival Foundation“ – непрофитна организација чија цел е да го заштити овој загрозен вид на мајмуни.
#Orangutan reaches out to help a man in Borneo
https://t.co/v2IDPM5Dsm via @MailOnline
— zoo inspector (@zooinspectors) February 6, 2020
За оние кои ги интересира дали орангутанот на крајот го извлекол човекот од реката, одговорот е “не“.
„Тоа е диво животно, а не онакво какво што ние препознаваме и кое можеме да го предвидиме“ – рекол човекот од реката.
„Borneo Orangutan Survival Foundation“ е индонезиска непрофитна организација основана во 1991-та година. Фондациајта има 400 членови и моментално се грижи за 650 орангутани.