Глобалната мрежа на хибридни медузи би можела да помгне во истражување на океаните, а се работи за проект на научници од универзитетите Стенфорд и Калтех, кои медузите го претвориле во „биохибридни роботи“.
Модификуваните медузи пливаат три пати побрзо од обичните, опремени се со сензори, и во иднина би требало да навлезат во неистражените длабочини на океаните. Експертите трдат дека модификацијата не влијае на метаболизмот и целокупната состојба на медузите, туку само укажува на тоа дека овие суштества се способни за побрзо и поефикасно пливање, а потенцијалот не го исполнуваат само поради тоа што не им е неопходен. На овој начин, системите за истражување на океаните би можеле да доживеат голем напредок, а благодарениа на микро-електронските делови со помош на кои се модификувани медузите.
Научниците планираат во модификуваните медузи да омплементираат и делови за контролирање на движењето, и да ги опремат со сензори со помош на кои би ја следеле температурата на океанот, соленоста, нивото на кислород, и да направат глобална мрежа на вакви „роботи“, чие одржување би чинело само неколку долари, бидејќи би се хранеле со пленот кој веќе се наоѓа во океанот.