Интернет платформата YouTube во последните три месеци заработила пет билиони долари од реклами, пренесува Алфабет.

Инаку, ова е нивниот прв извештај од компанијата откако Сундар Пичаи стана извршен директор на Алфабет.

За прв пат, откако Google го откупи YouTube ја обелоденува заработката на интернет платформата.

На годишно ниво, YouTube заработува околу 15 билиони долари што претставува околу десет проценти од заработката на Алфабет.