Google претстави три нови апликации за победа на зависноста од паметните телефони. Специјалистите од компанијата развиле експериментални апликации како дел од иницијативата за „Digital Wellbeing“.
Првата програма Envelope нуди употреба на посебни пликоа од телефонот, што ќе ги ограничи можностите на паметниот телефон. Можете сами да ја отпечатите со помош на принтер. Телефонот се става внатре во пликото, кое е запечатено, и на тој начин ќе имате прилика само да го бирате телефонскиот број. Подоцна компанијата планира да создаде уште една верзија на пликоа за употреба со камера.
Другата апликација се Activity Bubbles, со кои на позадината на мобилниот телефон се појавуваат меурчиња: колку повеќе време поминувате на телефонот, толку повеќе меурчиња ќе се појават на екранот.
Третата апликација Screen Stopwatch нуди динамична позадина со извештај за поминатото време на паметниот телефон. Моментално сите апликации се достапни само за Андроид системот.