Вирусите можат да живеат изненадувачки долго надвор од телото, во зависност од влажноста и температурата. Тие живеат подолго на водоотпорни површини, како не’рѓосувачки челик и пластика.
Вирус на настинка некогаш може да живее и неколку дена во затворени простории, иако неговата способност да предизвика инфекција драматично се намалува со текот на времето.
Вирусите на грип можат да преживеат во воздухот неколку часа, а на пониски температури и на цврсти површини тие можат да преживеат и 24 часа.
Ентеровирусите како норовирусот и хепатит А можат да преживеат со недели на некоја површина ако условите се погодни за тоа. Норовирусот е познат по тоа што предизвикува епидемии во училишта, крузери и болници.