Јапонската компанија Thanko неодамна лансирала џебен апарат за бричење кој може да се приклучи на iPhone. Уредот функционира на тој начин што се спојува за iPhone преку приклучокот Lightening, и така се напојува преку неговата батерија.
Овој пренослив апарат за бричење е прв ваков производ во светот, а истиот може да се купи по цена од 980 јени, односно 7,5 евра. Тежи само 21 грам, а неговата должина изнесува 53 милиметри, додека делот за бричење е широк 26 милиметри. Овие димензии го прават уредот идеален за поправување на изгледот додека сте на пат или пред некој деловен состанок.
Иако е моментално достапен само во Јапонија, се претпоставува дека многу компании ширум светот би препознале добра деловна прилика во овој, наизглед бизарен, но уникатен изум. Со тоа, потрошувачите кои не живеат во Јапонија ќе можат да водат сметка за својот изглед со помош на iPhone и да бидат горди сопственици на еден од интересните направи на креативните јапонски претприемачи.