Со помош на паметните телефони луѓето секојдневно комуницираат и со нивна помош поефикасно ги извршуваат обврските.
Сите луѓе со коишто сме опкружени испраќаат пораки, играат игри или пребаруваат нешто на социјалните мрежи.
Секојдневно ги употребуваме мобилните телефони што значи дека некои луѓе можат да бидат зависни од нив. Дури 52 проценти од корисниците на мобилни телефони покажуват знаци на зависност.
За да проверите дали сте зависни од вашиот смартфон поставете си ги следните прашања:
Препознајте ги знаците на потенцијалната зависност
Секој човек на мобилниот телефон ги следи известувањата, пораките, новостите на социјалните мрежи и пропуштените повици. Меѓутоа, доколку го проверувате мобилниот на секои пет минути, можеби имате проблем. Поставете ги следните прашања кои ќе ви помогнат да сфатите дали имате проблем.
1. Дали сте добиле казна за разговарање на мобилен телефон додека возите?
2. Дали ве опоменуваат да го оставите мобилниот телефон и да разговарате со пријателите?
3. Дали го користите мобилниот телефон во ситуации кога не би требале?
4. Дали мобилниот телефон е секогаш во вашите раце?
5. Дали батеријата ви трае помалку од еден ден?
6. Дали го носите мобилниот телефон во тоалет?
7. Дали ви тешко да разговарате со луѓето лице в лице?
Забележете ги симптомите на зависност
Секој вид на зависност има симптоми, па така и зависноста од мобилни телефони, а тоа се следните:
Напад на паника кога ќе го заборавите мобилниот, лажни вибрации во џебот, стрес низ целото тело, инсомнија, анксиозност, депресија, агресија, намалена способност за размислување и креативност, заматен вид, болка во вратот, главоболка.
Како да го ограничите користењето на мобилен телефон?
Најдобро е да водите евиденција за тоа кога и зошто сте го земале мобилниот телефон за да видите дали имате проблем. Ова е прв чекор за контролирање на вашата зависност.
Напишете порака или симбол на хартија секогаш кога ќе го земете мобилниот во раце.
Следете го говор на телото на вашите пријатели кога сте во друштво за да забележите дали претерувате со користење на мобилниот телефон.
Разговарајте со вашите пријатели или со семејството
Доколку не се пронајдовте во овие класични работи, а сепак сметате дека имате проблем, прашајте го вашето семејство. Тие сигурно ќе ви кажат што забележале и ќе ви помогнат да го решите проблемот.
Извор: Klix.ba