Научниците во Австралија го открија најстариот кратер кој е создаден од удар на астероид, а кој би можел да разјасни како нашата планета се издигнала од леденото доба.
Астероидот ја погодил Јарабуба во западна Австралија пред речиси 2.2 милијарди години што овој кратер го прави стар приближно колку половина години од постоењето на Земјата, велат истражувачите.
Научниците до овој заклучок дошле преку испитување на минералите кои биле пронајдени во карпите на локацијата каде што астероидот удрил во Земјата.
Тие велат дека ова откритие е возбудливо затоа што би можело да претставува настан на загревање на нашата планета во текот на таа ера.
Кратерот Јарабуба всушност е откриен во 1979-та година, но геолозите никогаш претходно не прцениле колку е стар.
Поради милијарди години на ерозија, кратерот не е видлив со човечко око. Поради тоа научниците ги мапирале “лузните“ на кратерот во магнетното поле на тоа подрачје па го одредиле неговиот параметар од 70 километри.
„Тука пејзажот всушност е многу рамен затоа што е толку многу стар, но карпите се многу изразени“ – рекол истражувачот Крис Крискланд за Би-би-си.
За да утврдат кога тој астероид ја погодил Земјата, тимот ги прегледал кристалните циркони и моназитот во карпите. Тие истакнуваат дека биле шокирани затоа што можат да се читаат како прстените кои ги има на стеблата.
Овие кристали содржат мала количина ураниум, а со оглед на тоа што ураниумот се претвора во олово со конзистентно темпо, истражувачите биле во можност да пресметаат колку време поминало од ударот на астероидот.
Така кратерот Јарабуба со најмалку 200 милиони години е постар од сите други структури од овој вид, односно од ударот на астероид во Вредефорд Дом во Јужна Африка.
Научниците исто така истакнуваат дека постои апсолутна можност дека некаде на Земјата се наоѓа и постар кратер од овој кој што само чека да биде откриен, но колку што се постари потешко е да се пронајдат поради однесувањето на Земјината кора.
Извор: Klix.ba