Иако моментно нема премногу 5G смартфони во понудата, се очекува дека во текот на оваа година пазарот ќе биде преплавен со модели кои нудат поддршка за мрежата од следна генерација. Кинеската компанија Huawei ветува телефони со 5G поддршка, кои имаат цена под 150 долари и ќе се појават во текот на четвртиот квартал оваа година.
Huawei верува дека 5G ќе биде голем хит на пазарот во иднина, така што понудата на достапни 5G смартфони на кинескиот пазар би можела да претставува вистински бизнис потег.
Кинеската компанија во ваквиот телефон би можела да користи сопствени мобилни сервиси, кои во различни облици би можеле да служат како замена за Google Android екосистемот.
Секако, останува да се види со каков процесор би биле опремени вака евтините телефони со 5G поддршка, со оглед на тоа дека телефон со цена под 150 долари не би бил баш во можност да понуди 5Gbps+ брзини кои ги ветува 5G технологијата.