Првите рендери на Huawei P40 беа прилично темни и не ни дадоа најдобар увид во изгледот на одредени компоненти, но сега тука се нови фотографии кои појасно ни го прикажуваат смартфонот. Рендерите покажуваат три камери на задната страна во правоаголен камера модул, во горниот лев агол.

Предната страна исто така изгледа интересно, а прикажува рамен екран со овален отвор за две селфи камери. Екранот би требало да има дијагонала од 6,1 или 6,2 инчи.

Нема премногу детали за моделот кој нема Pro во името, но гласините сугерираат главна и ултраширока камера на задната страна, плус ToF сензор. Меѓутоа, доколку текстот под сензорот е точен, третата камера всушност има 80 mm телефото објектив (3x zoom). Селфи камерите веројатно ќе имаат главен и ултраширок објектив.

Huawei P40 би требало да користи Kirin 990 чипсет (веројатно во 5G варијанта), а ќе користи Android 10 во кој Huawei Mobile Services ќе го заменат софтверот на Google.

Huawei P40 и P40 Pro ќе бидат претставени во текот на март и ќе бидат прилично различни уреди. Pro моделот би требало да има уште две камери на задната страна, како и четирикратно закривен дисплеј од предната страна.