Honor подготвува настан за време на Мобилниот Конгрес, кој ќе се одржи на 24-ти февруари под наслов „HONOR’s All-scenario Smart Life Products Launch“. Тогаш очекуваме компанијата да ја претстави меѓународната верзија на Honor V30 Pro, која веројатно ќе го носи името View 30 Pro.
Заедно со овој модел ќе дебитира и меѓународната верзија на паметниот телефон Honor 9X Pro, лаптопите MagicBook 14 и MagicBook 15, слушалките Honor TWS и специјалното издание на Magic Watch 2.
Honor V30 и V30 Pro, претставени кон крајот на ноември, се првите 5G смартфони на компанијата. Двата телефони се со LCD дисплеј со 6,57 инчи и Full HD + резолуција. Постои отвор за двојна селфи камера, која вклучува сензор 32MP и ултраширокоаголен објектив од 8MP со видливо поле од 105 степени.