Творците на овој робот велат дека „Ballie“ е дизајниран за да ги разбере сите потреби на своите корисници.
„Ballie“ е креиран од компанијата Samsung, а истиот може да работи и како фитнес помошник. Поседува „мобилен интерфејс”, кој со помош на вештачката интелигенција секогаш бара нови начини како да се прилагоди на корисниците и менувањето на нивните навики.
Meet #Ballie, Samsung’s human-centric vision of robots that takes personalized care to the next level. The small rolling robot, “understands you, supports you, and reacts to your needs.” #CES2020 #SamsungCES2020 pic.twitter.com/YzwgZN1Lgw
— Samsung US Newsroom (@SamsungNewsUS) January 7, 2020
Демо снимката прикажува како “Ballie” ги отвора паметните завеси и го вклучува телевизорот за кучето, кога неговиот сопственик е надвор од домот. Исто така, повикува и робот-правосмукалка откако ќе забележи дека нешто се истурило на тепихот.
Творците на „Ballie“ велат дека тој е способен да повика помош ако види дека некој падне и не може да стане, објави технолошкиот сајт Engadget. Исто така, додаваат и дека роботот не е поголем од тениско топче.
#Ballie is part of the next evolution of #IoT – patrolling your home, acting as a #fitness assistant, and acting as a remote control for the smart devices in your home. #CES2020 #SamsungCES2020 pic.twitter.com/u1Phkpy3Eb
— Samsung US Newsroom (@SamsungNewsUS) January 7, 2020
Името „Ballie“ се појави во разни гласини уште минатиот месец, а Samsung вели дека сака да го користи овој термин за роботи со различни функции како што се чистењето, безбедносниот надзор и секојдневните домашни обврски.
Сè уште не е познато кога ќе може да се купи овој домашен робот, ниту колкава ќе биде неговата цена.
Извор: B92.net