Компанијата Casio го претстави новиот ретро G-Shock часовник, кој е инспириран од интернетот од девдесеттите години на минатиот век, поточно од 1995. година.

Станува збор за нумерички ограничена верзија на DW-6900, која е резултат на соработката помеѓу Casio и Paradise Youth Club, индонезиски моден бренд кој се занимава со стилови на облека од 1990-тите.

Часовникот има светло зелено лице и главно копче, сребрена рамка и нараквица. Целосните спецификации и листата на сите компоненти не се објавени, но доколку ги следите претходните модели на DW-6900, се очекува висока отпорност на удар и водоотпорност до 200 метри. Би требало да има и штоперка, аларм, автоматски календар и друго.

Првиот DW-6900 беше претставен во 1995 година и беше G-Shock со електролуминисцентно позадинско осветлување. Дизајнот на часовникот е инспириран од „дигиталната мрежа која стана главен извор на енергија“ во човечките животи на таа ера, а новиот часовник ја прикажува фразата „извор на енергија“ во црвена боја, кога се активира позадинското осветлување.

На задната страна на часовникот е изгравирана фразата “Guide to the Paradise Highway”, а самиот часовник е „спакуван“ во кутија која доста потсетува на стар CRT монитор.

Casio ќе произведе само 100 примероци од специјалната верзија.