На годинашниот саем CES 2020 во Лас Вегас, Diesel ја претстави својата нова серија паметни часовници под името Fadelite. Часовникот се темели на оперативниот систем на Google, Wear OS и Snapdragon Wear 3100 чипот на Qualcomm.
Уредот има 512 MB RAM, NFC, GPS, мерач на отчукување на срцето и Google Assistant. Часовникот со 43-милиметарско куќиште е идентично погоден и за жените и за мажите и го одликуваат живи градиент бои.
Можно е да се избере помеѓу моделот кој се прелева од црвена во црна боја, модел што се прелева од црна до проѕирна, потоа модел со бои од сина до проѕирна и целосно проѕирен модел.
Серијата на паметни часовници Fidelite на Diesel стигнува во продажба во март со цена од 275 американски долари.