Компанијата Sony во текот на годинашниот IFA саем ја прошири својата линијата на Xperia смартфони со два премиум модела – Xperia XZ1 и Xperia XZ1 Compact.
Sony Xperia XZ1 има 5.2-инчен дисплеј спо Full HD резолуција, со TRILUMINOS, X-Reality поддршка и 138 проценти sRGB покриеност на бои. Телефонот го покренува Snapdragon 835 чипсет, има 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање, проширлив преку MicroSD картички.
Камерата на задниот дел на телефонот има 19 мегапиксели и има 1/2.3″ Exmor RS сензор и нуди напредни функции како што е 960 fps видео и Predictive Capture. За селфи фотографии е задолжена 13 MP, 1/3.06″ Exmor RS предна камера.
Телефонот од страна има копче за вклучување/сензор за отисок на прстот, а го одликува и IP65/68 сертификацијата. За одличниот звук ќе се погрижи S-Force Front Surround системот, а тука се и дополнителните подобрувања како Clear Audio+ и DSEE HX.
Sony не ја запостави ни конективноста, па во Xperia XZ1 имплементираше LTE Cat.16, Dual-Band, MIMO Wi-Fi a/c, Bluetooth 5.0, NFC и USB 3.1 со Type-C порт. Сето ова го напојува батерија од 2700mAh, која поддржува Qnovo Adaptive полнење и Quick Charge 3.0.