Цените на 5G телефоните како што се Samsung Galaxy S10 5G, LG V50 5G или OnePlus 7 Pro, претставени во текот на 2019. година се движеа во ранг од 800 до 1.000 долари. Една од најевтините 5G варијанти минатата година беше Motorola Z4, со 5G Moto mod, кој чинеше околу 440 долари, но само ако се купуваше преку операторот Verizon. Ако можеме да се потпреме на почетокот на 2020. година, можеби ќе можеме да очекуваме поевтини 5G модели на паметни телефони.
Кинескиот производител Coolpad го претстави својот прв 5G телефон, наречен Legacy 5G. Тој на пазарот ќе се најде во вториот квартал на оваа година, а ќе чини под 400 долари. Ова, барем според сегашните сознанија, ќе биде најевтиниот 5G телефон на пазарот и ќе биде отклучен, па ќе може да се користи кај повеќе различни 5G оператори.
Телефонот користи фреквентен опсег под 6 GHz, што значи дека ќе биде компатибилен со T-Mobile, Sprint и AT&T мрежите во САД, како и на другите мрежи кои го користат истиот 5G фреквентен опсег во другите земји. Што се однесува до останатите хардверски карактеристики, Legacy 5G поседува екран со дијагонала од 6,53 инчи, две задни камери (48 MP и 8 MP), предна камера од 16 MP, 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање, батерија од 4.000 mAh, а го покренува Qualcomm 7250 процесор. Овој телефон ќе се испорачува со Android 10 оперативниот систем.