Во земјотресот во Порторико исчезна природен камен во облик на срце. Пунта Вентана беше еден од најпознатите природни симболи на Порторико и едно од најпопуларните туристички дестинации.
По илјада години, Пунта Вентану се сруши во земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтер. Локалните жители не можеле да веруваат што се случило, а Метеоролошката лабораторија објавила фотографија од местото, пред и по земјотресот. Во катастрофата настрадал 73 годишен жител кога ѕидот се срушил врз него.
Во незгодата неколкумина лица се повредени, а направена и е голема материјална штета. Поголем дел од островот останале без струја, известуваат властите и медиумите.
Гувернерката на Порторико Ванда Васкез прогласила вонредна состојба и ја активирала Националната гарда, по низата земјотреси кои го погодија овој карписки остров, вклучително и еден со јачина од 6,4 степени според Рихтер.