На Consumer Electronics Show саемот во Лас Вегас, малите флеш драјв уреди со огромна меморија практично станаа традиција, а SanDisk претстави прототип на новиот преносен SSD со кој постави рекорд.
Се работи за преносен екстерен SSD од дури 8TB, кој и покрај големата меморија, сепак, е прилично мал и лесно може да го собере во џеб, како и секој друг екстерен SSD.
SanDisk си ја знае работата, а минатата година претстави екстерен SSD од 4TB со големина на дланка. Иако SSD не е во продажба, сепак има импресивни спецификации, меѓу кои е и поддршката за SuperSpeed USB трансфер протокол до 20 Gbps.
Иако SSD од 8TB е само прототип и не е достапен во продажба, сепак претставува експеримент, кој нешто подоцна би можел да резултира со призвод за пазарот. Освен тоа, SanDisk подоцна оваа година на пазарот ќе го пласира Ultra Dual Drive Luxe USB Type-C флеш драјв од 1TB, кој исто така е претставен на годинашниот CES.
SanDisk првобитно претстави многу мал USB-C флеш драјв од 1TB на CES пред две години, а овој производ конечно стана реалност. Поседува USB-A порт, кој му овозможува да се користи на речиси секој тип компјутер. Точниот датум на продажба и цената засега се непознаница.