Порталот Airline Ratings оценуваат дека австралискиот национален авиопревозник Qantas airlines е најбезбеден за летовите во 2020 година.
Зад авиокомпаниите Qantas airlines се најдоа Air New Zealand и EVA Air од Тајван.
Порталот објави дека меѓу бројните фактори за оценување биле начинот на управување со компанијата, индустриските проверки, податоците за несреќи на авиони и посериозни инциденти, профитабилноста и староста на авионите.
Qantas airlines според проценките е водечки авиопревозник кога се работи за перформансите поврзани со членовите на екипажот, употребата на автоматски системи за слетување, како и системите за следење на моторот за откривање на проблемите пред да предизвикаат сериозни неуспеси.