Nokia Anew Twitter профилот има солидно реноме и точност на следење на информациите за претстојните смартфони на Nokia, а овој пат ни пружа информации за тоа дека Nokia 9.2 PureView моделот, со Snapdragon 865 чипсет ќе биде претставен подоцна во текот на 2020. година.
Наместо телефонот да се нарекува Nokia 9.1 PureView, изворот го сугерира името Nokia 9.2 PureView. Кога е во прашање причината за одложувањето и подоцнежната објава на уредот на Nokia, HMD Global сака да го опреми со посилен Snapdragon 865 чипсет. Ова би можел да биде и првиот премиум 5G смартфон на компанијата.
Ова сугерира дека HMD Global нема да претстави премиум уред во текот на Mobile World Congress (WMC) 2020 следниот месец. Финската компанија во декември потврди дека во текот на MWC ќе прикаже телефон со Snapdragon 765 чипсет. Се работи за 5G телефон со импресивен сет на камери, но не е познато за кој телефон се работи.
Поврзани артикли