Од денеска можете да го промените статусот во „WhatsApp“ согласно вашето моментално расположение. На него можете да постирате фотографии и видео клипови или да го претворите во некаков вид „SnapChat“- или целата работа можете да ја направите слична на „Facebook“.
Апликацијата за чет има нова верзија за „Android“ и „iOS“.
Како и до сега, можете да контролирате кој го гледа вашиот статус и да дознаете кој веќе го прегледал истиот, само со кликнување на иконата од дното на екранот.
Исто така, ако немате идеја како да започнете разговор, можете да одговорите на статусите и со контакт, кои можат да бидат и шарени.