Веќе некое време се појавуваат информации за Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite моделите, а се очекува дека Samsung наскоро ќе ги претстави двата уреда. Сега ги имаме спецификациите на Galaxy S10 Lite, кои се појавија во Германија, како и веста дека овој телефон ќе биде официјализиран во текот на следните неколку дена.
Се очекува дека Samsung Galaxy S10 Lite ќе има 6,7-инчен 1080 x 2400p Super AMOLED дисплеј, со 20:9 однос на страници и центриран punch-hole отвор за селфи камерата. Телефонот ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 855 чипсет, и тоа во сите региони, вклучувајќи ја и Европа.
Телефонот пристигнува со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, проширлив преку microSD слотот за мемориски картички до 1TB. Главната камера на задната страна има 48MP f/2.0 сензор и OIS, а тука се и 12MP f/2.2 ултраширокиот сензор и 5MP доделениот макро сензор. Од предната страна се наоѓа 32MP селфи камера. Оперативниот систем е Android 10 со One UI 2.0.
Уредот ќе го напојува батерија со капацитет од 4500mAh, со поддршка за 45w брзо полнење. Телефонот ќе биде понуден во црна, бела и сина боја, по цена од околу 680 евра (во зависност од таксите во различните земји.)