Француската управа за конкуренција го казни американскиот технолошки гигант Google со 150 милиони американски долари за антиконкурентско однесување и нејасни регулативи на својата интернет страница Google Ads.
Аналитичарите велат дека казната е изречена во време кога Франција и другите европски земји под строга контрола ги држат американските технолошки компании како Google, Facebook, Apple и Amazon, кои често се на мета на критиките поради релативно ниските даночни плаќања.
Во септември, Google се согласи да плати скоро милијарда евра на француските власти за поради истрагата за фискална измама, која започна пред четири години. Google, исто така, се соочува со зголемена регулаторна контрола поради содржината која се појавува во резултатите од пребарувањето и рекламите.