Конзервативната партија во Велика Британијa се откажа од употреба на апликацијата WhatsApp за внатрешна комуникација, откако се соочи со бројни протекувања на информации.
Нова алатка за безбедно испраќање пораки во внатрешната комуникација сега е Signal.
Signal, кој се претставува како алтернатива за WhatsApp во сопственост на Facebook, се гордее со своите ултра безбедни функции за приватност и има можност пораките автоматски да исчезнат по одреден временски период, правејќи го тежок за следење на комуникацијата.
Претходно оваа година, и ко-основачот WhatsApp, и даде на Signal 50 милиони долари за понатамошно подобрување на услугата, објави Guardian.
Портпаролот на Конзервативците вели дека причината за користење на Signal е оперативна, а не безбедносна, односно невозможно е сите пратеници (365) избрани на последните избори да се спојат во една WhatsApp група, бидејќи може да има најмногу 256 членови. Signal, од друга страна, тоа го овозможува.
Досегашните WhatsApp групи станаа толку подложни на протекување на информации, што многу пратеници дури свесно објавија порака за нив знаејќи дека така, брзо ќе го најдат патот до новинарите.
Извор: B92.net