Камската фабрика за автомобили по повод педесетгодишнината од основањето го претстави шлеперот од новата генерација КамАЗ-54901 Continent. Видеоснимката е објавена на YouTube-каналот на фабриката.
Како што наведува производителот, шлеперот е наменет за еден возач, кому при возењето ќе му асистира системот Highway Pilot. Тој ќе биде задолжен за нужното сопирање, автоматскиот и полуавтоматскиот режим на возење, како и престројувањето и други активности, пренесува РИА „Новости“.
Новиот камион е опремен со мотор Р-6 и електричен уред. Благодарение на хибридниот мотор, потрошувачката на гориво е значително намалена, истакнуваат од Камската фабрика за производство на автомобили.
Во кабината има удобен лежај, микробранова печка, фрижидер, мултишпорет, мијалник и други удобности.
Извор: Russia Beyond