Благодарение на технологијата и гласовниот асистент на Apple, спасен е уште еден живот.
„Siri повикај 911“ се зборовите кои му обезбедија спас на маж од Чарлс Сити во државата Ајова, откако со автомобилот слета во река, пренесува CNN.
Гаел Салцедо (18 години) бил на пат кон училиштето кога неговото возило налетело на мраз на патот и завршило во река.
Салцедо ги отворил прозорците на автомобилот, стравувајќи дека автомобилот ќе потоне во замрзнатата река.
Момчето во возилото пробувало да го пронајде телефонот, но бидејќи не успеало, се сетило на спасоносно решение и усно и дало наредба на смартфонот да повика полиција.
„Не знаев каде ќе завршам и што воопшто да направам. Само мислев дека ќе умрам“, истакна 18-годишниот Салцедо.
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на несреќата и замрзнатиот возач бил спасен.