Новата серија смартфони на Apple, iPhone 12, ќе биде претставена следната година. Иако во нив ќе бидат вклучени поскапи компоненти, цената веројатно ќе остане на нивото на iPhone 11, тврди еден од најпознатите аналитичари на Apple, Минг-Чи Куо. Се разбира, тој не може да гарантира дека тоа ќе биде случај, но верува дека Apple нема да посегне кон драматично зголемување на цените.
Според него, ако и има зголемување на цената, тоа нема да надмине 50 долари во однос на цените на iPhone 11 моделите. Оваа (минимална) разлика во цената ќе се должи само на фактот што моделите од следната година ќе имаат вградени 5G модели, чие производство е значително поскапо од 4G модемите.
Самото производството на новите модели на iPhone ќе поскапи за 30 до 100 долари, а Apple ќе се потруди да го оптимизира синџирот на набавка и натој начин да обезбеди исто ниво на профит како и досега. А дали тоа навистина ќе биде така, ќе мораме да почекаме до септември следната година, кога е очекувано време за појава на новите модели на iPhone.