Неодамна се појави фотографија, која наводно го прикажува официјалниот рендер на Huawei P40, а го следат и неколку карактеристики на дисплејот.

Оригиналниот твит од пред неколку дена, споменува 6,57-инчен HD+ AMOLED панел со стапка на освежување од 120Hz и HDR поддршка. Тука е и 100 процентната покриеност на DCI-P3 спектарот на бои. Телефонот има два punch-hole отвори во екранот, во кои се сместени две предни камери.

Самиот рендер не открива премногу за телефонот, освен дека е креиран во соработка со компанијата Leica. Исто така, тука е и закривената задната страна и предниот панел.

Huawei P40 се очекува да користи уникатна технологија на графен што ќе го продолжи работниот век на батеријата и ќе го забрза полнењето. Самата батерија ќе биде со 5500mAh и ќе поддржува систем на брзо полнење од 50W што ќе ги напојува смартфоните од 0 до 100% за 45 минути.

Секако, со оглед на тоа дека се работи за непотврдени, протечени информации, а до објавата на P-40 серијата останаа неколку месеци, можеби се работи за неточни информации и потребно е да се земат со резерва.