Новиот извештај на јапонскиот блог Macotakara тврди дека наследникот на iPhone SE всушност ќе го носи името iPhone 9, а не iPhone SE 2. Исто така, се сугерира дека телефонот ќе користи исто куќиште како iPhone 8.
Се очекува дека смартфонот ќе има 4,7-инчен дисплеј, A13 Bionic чипсет, 3GB RAM и би можел да има почетна цена од 399 долари. Според наводите на аналитичарот Минг-Чи Куо, телефонот би можел да се најде во масовно производство од јануари, а би бил објавен кон крајот на март.
iPhone SE 2 или iPhone 9 ќе користи десетлоен PCB (SLP) за својата плоча, а во прашање е истата технологија, која ја користи iPhone 11 серијата. Телефонот нема да има 3D Touch функција, а ќе користи Touch ID сензор за отпечатоци од прсти, а не Face ID за биометриско очитување.
Смартфонот би требало да биде достапен во три варијанти на бои – сребрена, сива и црвена.