Qualcomm веќе откри како ќе се нарекува новиот чипсет од висока класа на компанијата, но вчера сподели повеќе детали за неговите можности. Snapdragon 865 ќе се користи во следниот бран топ-смартфони со Android, што ќе ги видиме следната година, а подобрувањата во однос на Snapdragon 855 се многу, кои влијаат на области како што се перформанси, AI, фотографија и гејминг. Snapdragon 865 ќе се креира по 7nm N7P процес на TSMC.
Чипсетот ќе работи со 5G преку комбинирање со модемот Snapdragon X55 претставен пред неколку месеци, кој теоретски може да испорачува стапки на податоци до 7Gbps. Модемот поддржува различни фреквенции во опсезите како што се mmWave и sub-6, што ќе го направи универзално решение за 5G мрежите. Qualcomm нема да обезбеди друг модем, што значи дека во теорија, сите телефони со Snapdagon 865 ќе поддржуваат 5G, но производителите можеби ќе решат да ги оневозможат овие можности. Користењето на надворешен модем покренува некои прашања во врска со зголемената сложеност на внатрешниот дизајн и енергетската ефикасност.
Snapdragon 865 ги нуди и новите јадра Kryo 585, кои се за 25% побрзи од оние од 855, а кај графичкиот забрзувач Adreno 650, подобрувањето е за 20%. Новиот чипсет носи и подобрувања на камерата. Додаден е нов ISP чип Spectra 48, кој поддржува обработка на 2 гигапискели во секунда, овозможувајќи работи како фотографирање на 200MP слики, снимање на 8K видеа и правење на 960 fps slow motion клипови со резолуција од 720p и неограничено траење. За прв пат во мобилни уреди ќе се поддржи и снимање на Dolby Vision HDR видео. Поддржано е и 4K slow motion видео при 240 fps
Поврзани артикли