За Samsung Galaxy Note 10 Lite се зборува веќе некое време, а сега се познати некои детали.
Познатите светски медиуми фокусирани на технологијата пишуваат дека Galaxy Note 10 Lite наскоро ќе се појави и ќе има 6 GB RAM и процесор Exynos 99810. Се работи за истите спецификации кои ги има и Samsung Galaxy Note 9.
Ќе го користи оперативниот систем Android 10, а со смартфонот ќе има и S Pen пенкало.
Galaxy Note 10 Lite најверојатно ќе пристигне во декември заедно со Samsung Galaxy S10 Lite.
Извор: Klix.ba