DJI го претстави најновиот модел на лесен дрон DJI Spark. Едноставниот дизајн на дронот е опремен со мини камера, која има одличен квалитет, но главната предност кај него е што може да го управувате со гестикулации со рацете.
Благодарение на тоа што има тежина од само 300 грамa, лесно е пренослив и може да го собере речиси во секоја торба. Со мини камерата може да снима и фотографии од 12 мегапиксели со оптички стабилизирано видео и резолуција во HD 1080p.
DJI Spark ја користи FlightAutonomy која му овозможува лебдење на зададено место, избегнување пречки и сигурно слетување. Тука е и системот на паметно враќање на местото на лансирање Return to Home.
Освен DJI Spark во портфолиото на DJI производи има и Mavic Pro, како и Osmo Mobile. Mavic Pro е компактен дрон опремен со 4K камера за стабилизација на сликата и систем за визуелна навигација. Дометот му е дури 7км, а може да остане во воздух речиси половина час.
Извор: Bug.hr