Претставнииците на законот ќе имаат потешка работа во иднина, бидејќи нема да смеат да ги принудуваат осомничените да ги отклучуваат своите уреди. Барем така ќе биде во Пенсилванија, чиј Врховен суд донесе пресуда дека државните власти го прекршиле Петтиот амандман кога го замолија Џозеф Ј. Дејвис да им ги открие своите лозинки за пристап до неговите технички уреди. Сепак, не е сè како црно-бело, како што можеби изгледа на прв поглед.
Пониска инстанца на судот утврди дека барањето за откривање лозинки во овој случај подлегнува на исклучок на Петтиот амандман, бидејќи Дејвис признал присуство на детска порнографија на неговиот компјутер, но Врховниот суд го отфрли тој аргумент, потенцирајќи дека приватноста на лозинката е заштитена со Уставот.
Судијката Дебра Тод наведе дека откривањето на лозинката е „вербална комуникација“. Ова значи дека ова барање исто така вклучува и свест на човекот, не само физички акт, како што е земање крв за анализа. Таа, исто така, посочи на претходните случаи на Врховниот суд кога луѓето не смееле да бидат принудени да откриваат комбинации од своите сефови – во двата случаи, откривањето на кодот го отвора „патот“ до можна инкриминација.
Оваа одлука беше донесена со одобрување на адвокатските групи, како што е Electronic Frontier Foundation. Сепак, Петтиот амандман не треба да биде загарантиран штит за откривање лозинки, туку тоа треба да биде селективно, во зависност од ситуацијата. Од друга страна, полицијата мора да прифати дека отсега повеќе нема да може лесно да се пристапи до компјутерите и телефоните на осомничените лица. Се разбира, тие сè уште ќе можат да пристапат до овие уреди, но ќе мораат да одат по потешкиот начин – да ги пробијат.