Додека минатогодишните уреди од Galaxy A серијата со сет од четири камери имаа стандарден, ултра широк, телефото и сензор за длабочина, овој пат Samsung изгледа сака малку да ги промени работите. На пример, гласините сега велат дека Galaxy A51 ќе го замени телеобјективот со макро оптика.
Според инсајдерски извор, компанијата го опремила Galaxy A51 со главна камера од 48MP, ултра широка од 12MP и 5MP макро сензор. Сето ова има смисла со оглед дека Galaxy A51 е еден од поприфатливите во линијата, така што опремувањето со поевтиниот макро објектив звучи како прилично реална опција.
Покрај тоа, ултра широкоаголната камера ќе добие надградбасо скок од 8 MP, кој обично се наоѓа кај моделите од долниот и средниот опсег, на сензор од 12 MP. Сметаме дека истата конфигурација – вклучувајќи го и макро објективот – ќе биде во сетот камери за Galaxy A71.