Твитер реши сериозно да се нафати на решавањето на прашањето за вербалните напади врз нивните корисници и говорот на омраза, па така, корисниците на оваа социјална мрежа ќе можат да ги обележуваат твитовите како „насилни“ или „вознемирувачки“.
Новиот апдејт во моментов е достапен само за уредите со iOS (наскоро ќе биде на други платформи), и тој им овозможува на корисниците да пријавуваат не само еден твит, туку цел список на поврзани твитови што содржат навредлива или вознемирувачка содржина.