Samsung постигна ексклузивен договор со Dowoo Insis за користење на Ultra Thin Glass (UTG) технологија во идните паметни телефони со флексибилни дисплеи.
Споменатата ексклузивност значи дека само Samsung ќе има право да купува ултра тенко стакло. Самото UTG стакло има дебелина од околу 30 микрометри (помалку од човечка коса) и е многу поотпорно на полиамидната пластика што се користи во случајот на Galaxy Fold.
Со ексклузивниот договор, Dowoo Insis доби и инвестиција од Samsung вредна околу 10 милиони долари. Оваа инвестиција ќе послужи за проширување на производствените капацитети на Dowoo Insis, како во Јужна Кореја, така и во Виетнам.
Инаку, сегашните производни капацитети на споменатата компанија изнесуваат 500 илјади примероци на UTG месечно. Samsung планира следната година да испорача помеѓу 5 и 6 милиони паметни телефони со флексибилни екрани.