Изгледа дека скенирањето на отпечаток од прст, како начин на заклучување на телефонот, можеби не е толку сигурно како што првично се сметаше. Поточно, сè што е потребно за да се измами читачот за отпечаток е фотографија за печатење, специјална апликација и некој релативно евтин хардвер.
Кинеските хакери велат дека пронашле начин да ја заобиколат биометриската заштита на паметните телефони за само 20 минути.
Користејќи фотографија од отпечаток од прст оставена на стаклена површина, можно е да се клонира физички отпечаток од прст, што е толку прецизен што е во состојба да го измами скенерот за отпечатоци на вашиот телефон, пишува Tom’s Guide.
Тим експерти за компјутерска безбедност на Tencent Security го демонстрираа овој процес на хакерската конференција „GeekPwn 2019“ во Шангај. Лидерот на тимот Чен Ју ги повика присутните да ја допрат стаклената површина, по што беа фотографирани нивните отпечатоци на стаклото.
Посебна апликација, слична на онаа што ја развивиле хакерите, ја процесира фотографијата, и со помош на хардверот што не е прикажан јавно, прави физички модел на отпечаток од прсти.
Иако самиот метод не е детално објаснет, се претпоставува дека бил употребен понапреден модел на 3Д печатач. Добиените „отпечатоци“ успешно измамиле три паметни телефони и уште два уреда за кои е потребна идентификација со отпечаток од прст