WhatsApp aпликацијата за Android отсега може да се отклучува и заклучува со помош на отпечаток од прст, откако оваа опција пристигна на iOS уште на почетокот на годината. Ова им дава на корисниците уште еден слој на сигурност, бидејќи апликацијата ќе треба да ја отклучат, дури и кога телефонот е веќе отклучен.
Новата функција сè уште не е достапна во сите области, а кога ќе стигне до сите корисници, ќе може дополнително да се осигура преку поставките за приватност. Корисникот може да постави апликацијата да остане отклучена од една до триесет минути од престанокот на користењето, а тука е и опцијата што овозможува содржината на пораките да не се појавуваат во известувањата.
Опцијата е најавена уште во август, кога беше во бета фаза на тестирање, а Android опцијата се разликува од онаа во рамките на iOS по тоа што поддржува само отклучување преку прстот, додека Apple ги нуди и Touch ID и Face ID.