Oral-B лансираше нова електрична четка за заби, наречена Oral-B Genius X, и така полето на орална хигиена го приближи до иднината, во која корисниците ќе можат да комуницираат со сите објекти што се користат во секојдневниот живот.
Поточно, четката доаѓа со додаток во облик на вештачка интелигенција, благодарение на што корисникот може да добие информации за тоа дали правилно ги четка забите. Четкичката со помош на Bluetooth конекција се поврзува со соодветна апликација на паметниот телефон, која покажува колку време поминало од почетокот на миењето и упатството што го насочува корисникот на забните места кои бараат повеќе внимание. Oral-B користи сензори преку кои се утврдува кога четкичката врши преголем притисок на забите и непцата, и дали на секој дел му се посветува доволно внимание. Собраните податоци потоа се испраќаат до апликацијата, благорание на што корисникот добива прецизен водич за правилно миење на забите.
Ова сепак не е прва Oral-B четкичка која може да се поврзува со други уреди, бидејќи во 2014 година веќе се појави еден Bluetooth модел, програмиран во соработка со стоматолог. Новиот модел оди далеку подалеку од тоа, а ќе може да се набави по цена од 220 долари.