Интернет компанијата Amazon во својата понуда додаде и продажба на мали брзомонтажни куќи. Наводно поради големиот раст на цените на недвижнини, трендот на изградба на овие куќи владее низ цел свет, не само во Америка.
Amazon моментно во својата понуда има десетина различни модели од 10 до 40 квадратни метри. Иако мали, овие монтажни недвижнини имаат се – од кујна и тоалет, па се до дневна и спална соба која е сместена во поткровје.
Купувањето е едноставно, а се испорачува низ целиот свет. Цените се движат од 15.000 долари за наједноставните, па нагоре.
Според податоците од Amazon, куќичките одлично се продаваат. За нивното поставување не е потребна ни градежна дозвола, а вселувањето е најдоцна за 2 дена.