Компанијата Ulefone го претстави Armor X5, својот нов економичен, но и подобрен паметен телефон за најекстремни услови. Уредот, кој доаѓа со цена од околу 90 евра е прилагоден на најтешките услови и е отпорен на падови, песок и вода.

Се одликува со 5,5-инчен дисплеј во формат 18:9, МТТ6363 чипсет на MediaTek, 3 GB RAM меморија, 32 GB внатрешно складирање (може да се прошири со microSD картички), батерија со капацитет од 5000mAh, 4G мрежна поддршка и NFC модул.

Од предната страна е 5-мегапикселна камера со 2D технологија за препознавање на лице, додека од задната страна се наоѓа двојна камера со главен сензор од 13 мегапиксели и секундарен со два мегапиксели. Оперативниот систем е Android 9.0 Pie.